Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) информира дека во утринските часови на места ќе провејува снег.
Во текот на денот променливо облачно и студено, попладне со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 3 до 10 степени.
Во Скопје променливо облачно, попладне облачноста ќе се намалува. Ќе дува слаб северен ветер. Максималната температура ќе достигне 7 степени.