Утрово е променливо облачно, а претпладне по одделни котлини ќе има појава на слаба магла, информираат од УХМР.
Попладне и во текот на ноќта ќе има локални врнежи од дожд, а на планините снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе се спушти до -3, а максималната ќе достигне 11 степени.