Облачно и топло, кон крајот на денот дожд

од Nikola Popovski
153 прегледи

Во текот на денешниот ден, времето ќе биде претежно облачно, во источните делови со сончеви периоди, информираа од УХМР.

Кон крајот на денот и во текот на ноќта почнувајќи од запад ќе има врнежи од дожд. Ќе дува умерен, а долж Повардарието повремено засилен ветер од јужен и југоисточен правец.

Максималната температура ќе се движи во интервал од 15 до 21 Целзиусов степен.

Во Скопје променливо облачно, во текот на ноќта со повремен дожд. Ќе дува умерен до засилен ветер од јужен правец.

Температурата ќе се движи од 9 до 20 степени.