Облачно со локален дожд, на планините слаб снег

од Nikola Popovski

Времето денеска ќе биде променливо облачно со повремен локален слаб дожд, а на планините претежно во западните и северните делови со слаб снег.

Кон крајот на денот и во текот на ноќта поради значително заладување, во северните делови ќе има услови за провејување на снег и на повисоките места. Ќе дува умерен, а во западните делови повремено засилен ветер претежно од југозападен правец.

Температурите ќе се движат од 0 до 14 степени целзиусови.

Во Скопје променливо облачно, кон крајот на денот со услови за слаб дожд. Ќе дува умерен југозападен, а кон крајот на денот северен ветер.

Температурите ќе се движат од 4 до 11 степени целзиусови.

Во вторник, како што информираат од УХМР, ќе има преодно стабилизирање на времето. В среда се очекуваат нови врнежи од дожд, на места пообилни, а на планините и на повисоките места од снег. Од четврток ќе има значителен пораст на температурите.

Слични содржини