Облачно со сончеви периоди, дожд во некои делови од земјата

од Nikola Popovski
107 прегледи

Променливо облачно со сончеви периоди, прогнозираат од УХМР за тоа какво ќе биде денес времето.

Во југозападните делови ќе има повремени врнежи, кои во утринските часови ќе бидат претежно од снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.

Минималната температура ќе биде во интервал од -5 до 3, а максималната ќе достигне од 7 до 13 степени.

Во Скопје времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и со умерен ветер од северен правец.

Утринската температура ќе се спушти до 1, а максималната ќе достигне до 10 степени.