Облече наметка со порака на Олимпијадата, по што веднаш е дисквалификувана

од Nikola Popovski
39 прегледи

Манижа Талаш, Авганистанка која се натпреварувала за бегалскиот олимписки тим, била дисквалификувана од Олимпијадата.

Талаш настапи во брејк денс, а по настапот облекла наметка на која пишуваше „слобода за авганистанските жени“, по што е дисквалификувана.

„Талаш беше дисквалификувана поради истакнување политички слоган на нејзината облека“, стои во официјалното сооопштение од Париз.

Таа го напуштила Авганистан во 2021 година, откако Талибанците се вратија на власт.

„Не го напуштив Авганистан затоа што се плашам од Талибанците или затоа што не можам да живеам таму, туку за да се борам за сите девојки во Авганистан, за мојот живот и мојата иднина“, истакнала Талаш.

Талибанците ги укинаа средните училишта за жените, им забранија да студираат, го ограничија нивното движење и патување, пристапот до јавните места и многу други работи.

Слични содржини