Џихадисти го нападнале хотел “Радисон” во Бамако, главниот град на Мали, соопштува АФП.

По последните информации двајца држат 140 гости на хотелот и 30 вработени како заложници. Според непотврдени податоци, до моментов најмалку три лица се убиени во нападот во луксузниот хотел. Нападот вклучува експлозии и автоматски рафали , а последна информација е дека напаѓачите зеле и заложници. Напаѓачите пристигнале во дипломатски автомобил, по информации на RT.
Терористи држат 170 заложници во “Радисон Блу” во малијската престолнина, има загинати
Околу зградата има полициски кордон. “Се се случува на седмиот кат. Џихадисти пукаат во ходникот “, изјави извор од органите на редот за АФП. Сличен напад се случи во август во друг малијски град – Севаре. Тогаш 24-часовна опсада на хотел доведе до смрт на четворица малијски војници, петмина службеници на ОН и четворица терористи. Во месец мај терористички акт имаше и во ресторан повторно во Бамако каде загинаа 4 лица – двајца малијци, еден Французин и еден Белгиец.
Исламистички групи продолжуваат да организираат напади во Мали, покрај примирјето од јуни меѓу бунтовниците туареги од про-владините милиции. Северниот дел на Мали се најде под контрола на прврзаници со џихад групи на Ал-Каеда активни во регионот, во март и април 2012 г Тие беа совлада со француска воена помош во јануари 2013 г. Иако договорот е од оваа лето, големи територии од земјата остануваат надвор од контрола на владата, потсетува АФП.