Американски медиуми го открија идентитетот на мажот кој уби 9 луѓе при пукање во северозападната држава Орегон пред да биде застрелан од полицијата. Тоа е 26-годишниот Крис Харпер Мерсер.

Според очевидци убиецот во колеџот “Умпкуа” влегол насилно и ги натерал студентите да кажат од која религија и исповед се Тој пукал во оние кои се претставиле како христијани. Според некои американски медиуми Мерсер бил студент во колеџот. Претходно гувернерот на Орегон Кејт Браун соопшти дека стрелец е 20-годишен маж, кој е мртов. Десет лица беа убиени и седум – повредени, според последните податоци при пукањето, пренесоа светските агенции и БТА, повикувајќи се офцијални извори на властите. Во тек е истрага за случајот. Мотивите на напаѓачот се разјаснуваат.
Според првичната вест беше дека се убиените се 15. а 20 ранети , Пукањето се случило во една од училишните лаборатории на колеџ Умпка во градот Розбург со 22-илјади население. Помеѓу 7 и 15 лица загинаа, а најмалку 20 се повредени, соопшти првин и локалната новинска мрежа KATU, цитирајќи го полковник Бил Фјугејт од американската полиција на Орегон. СНН, повикувајќи се на локалните власти, објавија дека најмалку 20 лица беа повредени и се во критична состојба, вклучувајќи една жена која е застрелана во градите. Целиот колеџ веднаш е изолиран, сите се изведени од наставниот комплекс. Полициски кучиња душкаат за експлозиви. Исплашени родители се брзаат кон местото на крвавиот инцидент, но полицијата не дозволува пристап.

. Познато е дека стрелец бил на 20 години. Тој влегол во колеџот Умпква во гратчето Роузберг, по што им заповедал на учениците да легнат на подот.Се проверуваат неговите пораки и активности по социјалните мрежи за да се допрецизираат мотивите.