Шест опарациони сали се реновирани на Клиниката за трауматологија, која е дел од Клиниката за таруматологија, ортопедија, анестезија, реанимација и ургентен центар (ТОАРИЛУЦ).
Директорот на Клиниката Игор Мерџановски рече дека со реновирање на салите се добива оперативен блок, во кој со нови апарати и со новововедените методи клиниката ја има на светската мапа на здравствениот систем. Тој објасни дека со тоа што оперативниот блок е опремен по светски тандарди, младите лекари кои се обучуваат во странство, ќе мое и дома да работат како и сите останати лекари во светот.
Со овој проект е предвидено да се реновираат десет операциони али, а како што објасни д-р Мерџановски, во проектот е и нова хуруршка сала во Ургентниот центар, која треба да помогне да се зголеми бројот на еднодневни операции.
-Таа сала ќе се користи и за пациенти што имаат инфекции и на кои треба да им се извршат ампутации на одредени екстремитети. Тие пациенти се шетани низ државата, а сега ќе имаме можност да бидат комплетно изолирани надвор од хируршкиот блок и да се работат во одделна сала каде нема да ги загрозат другите пациенти што треба да се оперираат, изјави Мерџановски.
Министерот за здравство Азир Алиу рече дека новата опрема освен за телемедицина, ќе може да се кристи и за учење од далечина
-Ќе се овозможи да може нашите студенти од амфитеатар да следат дел од операциите да да не бидат физички присутни во операционите сали. Тие се направени по светски стандарди. Ние сме еден ден пред светскиот ден на здравјето и задоволство е да нашата инфраструктура веќе се мапира на светските мапи . Наредниот период ќе има и други обновени сали на оваа клиника, изјави Алиу.
Тој додаде дека за овој проект се одвоени 282 милиони денари.
-Во тек е продолжување на вработување на 300 доктори, бидејќи како Влада сметаме дека со добра инфраструктура и кадар моме да обезбедим здравствени услуго согласно европските стандарди, изјави Алиу.