Скопје доби обновен урбан парк во центарот на градот – просторот зад полициската станица Беко, сега познат како Пелин-Парк, е целосно уреден и повторно отворен за граѓаните.
Во рамките на проектот се обновени и поставени нови елементи на урбана опрема, а просторот доби и целосно ново хортикултурно уредување со растенија соодветни за условите на локацијата. По подолг период, повторно е ставена во функција и чешмата за вода.
Еден од највидливите сегменти на уредувањето е големиот мурал со површина од над 100 квадратни метри, нацртан на фасадата на зградата до паркот. Автори се познатите графити артисти Драган Китановски – Драш, Марјан Димиќ – Мачка и Миро Грчев – Микс, кои создадоа дело што дополнително го збогатува визуелниот идентитет на просторот.