Апелациониот суд во Скопје, ја одложи расправата за случајот Монструм. Двајцата од шестте обвинети обвинетите Агим Исмаиловиќ и Хаки Незири не беа приведени и донесени во судот. На јавна седница требаше да се разгледуваат жалбите поднесени од осудените во „Монструм“ и нивните адвокати. Според адвокатите на осудените пресудата не смее да остане бидејќи е засонава само на исказот на заштитениот сведок.

Многу прашања но и сомнежи за тоа што навистина се случило кај Смилковско се отворија по најавата на опозицискиот лидер Зоран Заев дека поседува снимени телефонски разговори токму за овој случај, но и неговата неодамнешна изјава за германскиот „Ди Цајт“ тврдејќи дека според негови информации невини луѓе биле неправедно затворени. Но и покрај повиците на дел од невладините и до денеска оваа бомба не беше објавена. Со или без бомбата, одбраната тврди дека вака напишаната пресуда на скоро 200 страници е преседан во македонското судство.
Нова, од извори блиски до одбраната дознава дека може да му бидат дадени на судот транскриптите од прислушуваните разговори, од т.н. „бомби“ кои се однесуваат на случајот „Монструм“ и на тоа, дали сега осудените, се единствени виновници на масакарот кај Смилковското езеро, извршен во април 2011 година, но и покрај овие информации расправата по пресудите за петкратното убиство во 2012 се одложи за 11-ти септември.
Лидерот на СДСМ Зоран Заев неколку пати изјави дека постојат прислушувани разговори и за „Монструм“, но не беа јавно објавени поради притисок од странските дипломати, за да не предизвикаат меѓуетнички тензии во земјава.
На 30 јуни лани скопска единица ги прогласи за виновни Алил Демири, Африм Исмаиловиќ, Агим Исмаиловиќ, Фејзи Азири, Хаки Азири и Сами Љута за убиство на петмина Македонци, коешто беше извршено на Велигден 2012 година, и ги осуди на највисоката можна казна под обвинение за тероризам. Демири и Исмаиловиќ и понатаму се недостапни за македонските судови. Во 2013 година косовскиот суд ги осуди на две и пол години затвор за недозволено поседување на оружје, казна која наскоро истекува. Но косовските власти не одоговорија на македонското министерство за правда дали ќе ги испорачаат во земјава. Дека екстрадицијата заглави се забележа и по контрадикторните информации кои ги даваа надлежните во двете земји, околу двојното државјанство на двајцата. Косовските власти најпрвo тврдеа дека Косово не испорачува свои државјани, за подоцна да информира дека тие немале косовско државјанство. Последниот став на Министерот за правда беше дека македонскта страна ја завршила својата работа.
Адвокатите на 24 октомври 2014 година поднесоа жалба на првостепената пресуда и изнесоа низа забелешки на тврдењето на обвинителството и судот, почнувајќи од исказот на заштитениот сведок, вештачењето на оружјето, трагите од кал најдени во возилото и физичкиот изглед на обвинетите кој не одговарал според описот на сведоците.