Обработени 99 отсто од податоците: Арсовска води пред Шилегов

од Берта Китинска
820 прегледи

Според првичните податоци објавени на веб-страницата на ДИК, за градоначалник на Скопје обработени се 99  отсто од гласовите, независната кандидатка поддржана од ВМРО-ДПМНЕ, Данела Арсовска, освоила 86 147 гласа, додека кандидатот на СДСМ, Петре Шилегов, 78 226 гласа и според тоа тие двајцата ќе се соочат во вториот круг на 31 октомври.

Трет на листата е  Георгиевски од Левица со освоени 20 430 гласа, потоа следи Ана Петровска од „Зелен хуман град“ со 9 776 гласа, Арбен Шакири од ЛДП/ДОМ со 8 870 гласа.Во Скопје гласале 228 425 избирачи и досега има 15 929 неважечки ливчиња.

Двјацата против кандидати кои ќе трчаат во вториот круг најавија победа.

Арсовска на вчерашната прес-коонференција рече дека изборниот резултат покажува дека скопјани сакаат промени

-Скопје денес го огреа сонце. Денес скопјани ја донесоа големата победа во Скопје за водство во првиот круг. Голема победа која покажува дека во Скопје е време за промени. Денеска се покажа дека на скопјани им е преку глава од празни ветувања, дека на скопјани им е доста од политичари кои ветуваат, а не остваруваат. На овие избори важно беше да се обединиме и да успееме да донесеме промени за поубаво Скопје, кажа Арсовска.

Актуелниот градоначалник Шилегов, е, убеден во голема победа во вториот круг.

Тој смета дека тогаш и ќе издвои победа. Не откри на чии гласови се надева од кандидатите кои не влегоа во втората изборна трка на локалните избори.

-Верувам дека скопјани ќе излезат во втор круг во поголем број и ќе дадат поддршки за политиките кои го променија. Скопје стана единствен град. Ги повикувам граѓаните кои не излегоа на гласање да излезат во вториот круг и да гласаат. Верувам дека во вториот круг ќе издвојуваме голема победа, рече тој.

Слични содржини