Обрадовиќ: Ако српското МВР не го забрани Европрајд,100.000 луѓе ќе излезат на семејна прошетка

од Nikola Popovski
302 прегледи

Претседателот на српското движење „Двери“, Бошко Обрадовиќ, го повика тамошното Министерство за внатрешни работи на Србија да го забрани одржувањето на Европрајд на 17 септември, најавувајќи дека на тој ден, во случај да нема забрана на маршот, ќе дојде до прошетка на семејства на која ќе присуствуваат 100.000 луѓе.

Обрадовиќ на прес-конференција во српскиот парламент ги повика организаторите на Европрајд да ги почитуваат одлуките на надлежните државни органи дека настанот нема да се одржи, а „колегите од проевропската опозиција да не планираат протест на 17 септември како маска за одржување на геј парада“.

„Ние сме независна и суверена земја, ние одлучуваме, а не Брисел и Вашингтон“, рече Обрадовиќ.

Тој најави дека на 11 септември ќе се одржи нова литија и семејна прошетка, а потоа на 17 септември ќе биде најавена четврта прошетка доколку не се откаже Еуропрајд.

Пратеничката група Двери ќе предложи и посебен закон со кој ќе се забрани промоција на хомосексуална пропаганда на малолетници во следните 100 години, најави Обрадовиќ.

Тој донел и три учебници по биологија за осмо одделение и ги прочита деловите кои се однесуваат на, како што рече, промоцијата на трансродовата идеологија и праша дали следниот чекор е промоција на педофилијата или зоофилијата.

Обрадовиќ оцени дека е јасно оти виновникот за загрозување на безбедноста на граѓаните и имотот е тој што не ги почитува одлуките на надлежните органи за забраната на Прајд, а не тој што излегува да се спротивстави како член на мнозинство Србија.

„Малцинството не може да го тероризира мнозинството“, посочи Обрадовиќ.

Слични содржини