Демонстрантите од „Еден од пет милиони“ за денеска најавуваат нови протести, а истите се закажани и за на пладне во 12 часот кога српскиот претседател Александар Вучиќ најави обраќање до нацијата во врска со вечерашните протести и упадот на дел од демонстрантитее во РТС.
Претходно во интервју за Н1 ТВ еден од лидерите на Сојузот за Србија, Бошко Обрадовиќ, изјави дека граѓаните немаат веќе трпение кон политиката на Вучиќ и, како што рече, игнорантското однесување на РТС.
„Доста беше игнорирање! Три месеци не прават будали и не ни даваат да гостуваме во емисија и да кажеме што мислиме. Баравме дежурен уредник, со него да зборуваме зошто не можеме да гостуваме во ниту една програма, а тој ни врати со полиција.

-Нема да си отидеме додека не добиеме можност да гостуваме веднаш. Тоа е наш услов за да се повлечеме и да ги продолжиме разговорите за ослободување на медиумите и нема да излеземе додека не ни дозволат да се зборуваме во живо, порачуваа демонстрантие
-Тука не е нанесена никаква штета, немаше проблем со вработените, ниту е нешто украдено, ниту демолирано, ниту лоѓ збор кажано како што лаше министеро тза внатрешни на Вучиќ. Го бараме само она што ни припаѓа. Вечерва дојдовме по нашето право и нема да си одиме, ние плаќаме претплата и имама еправо да зборуваме на нашата телевизија, таа не е само на власта од каде тој шири пропаганда.
-Го замолив Станојевиќ да ги замоли неговите претпоставени да го добиеме тоа, а тие кукавички избегаа од зградата. Доста е веќе! Не ни кажувајте – дојдете утре или по 7 дена, доста беше со диктатурата на Вучиќ.
-Граѓаните нема веќе да трпат тортура и омаловажување. Мора да си заминат Вучиќ, Брнабиќ и сите нивни послушници од РТС. Вечерва ќе го ослободиме РТС! Обезбедувањето само не пушти, како што тоа го направи воено полицискиот синдикат.
-Ова е наша куќа. Што е проблемот две минути да не пуштат во Дневникот 3“ – изјави Обрадовиќ во интервју за Н1 телевизија по повод упадот во зградата на РТС по три месеци игнорирање од страната на генералниот директор на јавниот сервис.
Специјални полициски сили доцна вечерта сепак ги исфрлија учесниците во протестите „Еден од пет милиони“ кои влегоа во зградата на РТС, влечејќи ги и носејќи ги за нозе и раце.
Меѓу повеќето стотина граѓани беа и предводниците на опозицискиот Сојуз за Србија (СзС) – лидерот на Двери, Бошко Обрадовиќ, основачот на СзС, Драган Ѓилас, лидерот на Демократската партија, Зоран Лутовац и други.
Околу полноќ пред зградата на РТС се уште беа собрани демонстрантите, опколени со полициски кордони.
Бошко Обрадовиќ, во придружба на речиси сите членки на СзС, меѓу кои беа и опозициските лидери Вук Јеремиќ и Борис Тадиќ, изјави дека граѓаните нема да заминат се додека генералниот директор на РТС Дарган Бујошевиќ и одговорниот уредник на Информативната програма Ненад Стефановиќ не поднесат оставка и не им биде дозволено да гостуваат во централниот Дневник на РТС.
Во Дневникот на РТС синоќа се огласи и директорот на јавниот сервис Бујошевиќ кој изјави дека „демонстрантите насилно влегле во РТС и сакале со сила да уредуваат програма, со што го загубија легитимитетот, а државните органи и светските новинарски организации треба да реагираат“.
Српскиот претседател Александар Вучиќ за денеска во 12 часот најави вонредна прес конференција за вечерашните настани.
По оваа вест, граѓаните од страна на опозициските лидери беа повикани да се разотидат и да се соберат денеска на пладне пред зградата на претседателот Вучиќ за време на прес конференцијата, со што ситуацијата се смири.
На вонредна прес конференција, која ја пренесуваше ТВ Пинк, синоќа реагираше и министерот за внатрешни работи Небојша Стефановиќ, кој истакна дека „државата ќе мора да одговори на овој чин и секој што ќе го прекрши законот ќе биде прекршочно и кривично гонет. Според него засега е уапсено едно лице, кое нападнало полицаец за време на протестите.
– Насилството на демонстрантите се случи во многу лоша, тешка форма. Тие го демолираа влезот во РТС, го демолираа приземјето, влегоа внатре. Тие им се закануваа на новинари, користеа насилство насекаде и ова не смееше да се случи, изјави Стефановиќ.
Сепак ова бече класична лага на министерот на Вичиќ бидејќи приватните телевизии во живо го пренесуваа настанот и немаче никакво насилие или вандализам.
Се огласи и српската премиерка Ана Брнабиќ која оцени дека упадот во РТС е вандалски чин на СзС, кој укажува на тоа дека целта е насилно менување на власта.
На 15-от граѓански протест „Еден од пет милиони” во Белград, повеќе десетици илјади демонстранти синоќа од платото пред Филозофскиот факултет, како што претходно најавија, тргнаа во протестна прошетка, по која ги блокираа влезовите во зградата на Радио-телевизија на Србија, а поголем број демонстранти, предводени од лидерот на движењето Двери, Бошко Обрадовиќ околу 20 часот влегоа во просториите на јавниот сервис.
Меѓу нив беа и Јелена Анасоновиќ, една од лидерите на граѓанските протести, како и лидерот на опозицискиот Сојуз за Србија Драган Ѓилас, пратеничката Маринка Тепиќ и лидерот на Демократската партија Зоран Лутовац.