Жељко Обрадовиќ, прославениот тренер на КК Партизан, при гостувањето со неговиот во Литванија доби провокативно прашање, откако беше побарано од него да ја коментира ситуацијата во Украина.
„Ова не е прв пат да се случува. Имам 62 години и се сеќавам на многу работи во мојот живот. Не можам да се сетам дека луѓето претходно зборувале за тоа кога мојата земја беше бомбардирана во 1999 година. Не видов луѓе да зборуваат за тоа“, рече Обрадовиќ.
Тој инсистираше на тоа дека е противник на каква било војна.
„Секако дека сум против секоја војна, страшно е еден човек да загине поради војна. Само, не се зборуваше за војните во Ирак, Сирија, Авганистан, дали сега некој зборува за тоа?“, заклучи Обрадовиќ.