О’Брајан: Една партија предлага пат напред и прифаќа критики, друга партија ветува начин за придвижување

од Nikola Popovski
418 прегледи

Ми беше кажано дека некој ќе ме праша за ваков нон-пејпер. Не знам ништо за тоа. Останувам на тоа што го кажав во ноември и денес, изјави Џејмс О’Брајaн, помошник државниот секретар за европски и евроазиски прашања на САД пред почетокот на лидерскиот состанок за Планот за раст на ЕУ во Скопје.

Тој беше запрашан дали се точни информациите дека и меѓународниот фактор притиска да да биде потпишан нон-пејпер на албанските партии со кој што тие ќе се обврзат да не коалицираат со партија која што во следните шест месеци по изборите нема спроведе уставни измени.

-Сметаме дека зависи од граѓаните да решаваат за патот понатаму. Сметаме дека една партија предлага пат напред и прифаќа критики. Друга партија ветува дека ќе смисли начин со кој што ќе се придвижат напред и правечно е граѓаните да ја прашаат таа партија за овој нон-пејпер и тие да одлучат меѓу визијата што ја знаат и она што се дава како ветување, кажа американскиот претставник.

Слични содржини