О’Брајан: Ова е план за надеж, никогаш не сте биле поблиску до ЕУ

од Nikola Popovski
208 прегледи

Никогаш не сте биле поблиску. Ова е план за надеж…САД секогаш стојат зад Северна Македонија и ја поддржуваат Северна Македонија. Навистина сме горди што сме сојузници и што работиме со оваа Влада која во нејзините последни денови е домаќин на оваа важна иницијатива. Планот за раст на ЕУ не е како никој друг план што сме го виделе досега, изјави помошник државниот секретар за европски и евроазиски прашања на САД, Џејмс О’Брајан на денешниот самит за Планот за раст на Западен Балкан кој се одржува во Скопје.

Тој изрази задоволство што е во посета на земјава втор пат за два месеца, и што ќе има можност да разговара за оваа важна иницијатива која треба да ја забрза евроинтеграцијата на земјава и регионот.

Според него, не треба да правите реформи за да бидете оценувани подоцна, туку ако направите одредени реформи тогаш вашите компании и вашите луѓе многу брзо ќе ги уживаат четирите слободи на ЕУ – слобода на движење и можност да работите каде сакате, слободно движење на капиталот и услугите. Американскиот претставник нагласи дека тоа е суштината на заедничкиот пазар,

-Имаме претставници од шесте земји на Западен Балкан. Денеска ќе работиме на две прашања, како практични идеи кои ќе им овозможат на луѓето слобода да ги развиваат нивните економии и практики кои треба да ги следиме. Овој регион има многу иницијативи, а тоа што е важно е што ќе биде реализирано помеѓу состаноноците, и ние имаме план за тоа. Она што сакаме да го видиме е луѓето да добијат повеќе можности, за сите политички проблеми низ регионот секоја влада се согласи и сега јавно се согласуваат дека сите шест земји ќе мора да работат заедно за луѓето од регионот да добијат вистински можности и поскоро да станат дел од ЕУ. Денеска е добар момент и ќе се обидеме да постигнеме напредок, кажа О’Брајан.

Слични содржини