Обраќање на Хан на Националниот совет за евроинтеграции, седници на три собраниски комисии

од desk4

   Во Собранието на Република Македонија денеска седници ќе одржат Националниот совет за евроинтеграции на кој ќе се обрати еврокомесарот Јоханес Хан, како и комисиите за одбрана и безбедност, за политички систем и односи меѓу заедниците и Законодавно-правната комисија.  

На дневен ред на собраниската Комисија за одбрана и безбедност се две предлог одлуки за испраќање на припадници на АРМ за учество во мировната операција „Одлучна поддршка”, во Авганистан и во КФОР на Косово.

Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците ќе продолжи со расправата за измените и дополнувањата на Законот за Академијата за судии и јавни обвинители, во прво читање.

Седница ќе одржи и Законодавно-правната комисија.

Слични содржини