Оброците за АРМ се 100% исправни – покажала контролата на кујната на компанијата која ја подготвува храната

од Nikola Popovski
36 прегледи

Во врска со јавно искажаните шпекулации за реализацијата на Договорот за јавна набавка за исхрана на припадниците на АРМ, склучен помеѓу Далма фоод и кетеринг сервис ДООЕЛ Скопје (носител на набавка), сакаме да ги информираме засегнатите страни и целокупната јавност дека во периодот од 12.09.2024 до 19.09.2024, надлежни органи и Институции на РСМ извршија вонредна контрола на кујната во рамки на ДАЛМА ФООД И КЕТЕРИНГ СЕРВИС ДООЕЛ СКОПЈЕ каде се подготвува храната (оброците) за АРМ, информираат од компанијата.

Според соопштението, се наведува дека од сите земени мостри од храна, површини и намирници, резултатите покажуваат негативни наоди за постоење на било каква бактерија или друг вид на причинител кој може да предизвика труење.

-Дополнително, во рамки на контролата се земени и брисеви од опремата и од вработените кои исто така се негативни во целост, велат од ДАЛМА ФООД.

Претходно од партијата Левица соопштија дека откако „изби скандалот за труење со храна на македонските војници, министерот за одбрана Владо Мисајловски уште го нема да реагира за овој скандал, на кој му претходи уште поскандалозен тендер“.

-Имено, компанијата која ги труе македонските војници е контроверзната фирма „Далма фоод и кетеринг сервис“ која на 26 февруари оваа година го добила тендерот за обезбедување на храна за македонската војска, вреден над 6 МИЛИОНИ ЕВРА за само една година, обвинија од партијата на Димитар Апасиев.

Додаваат дека „веќе се сведоци на неколку случаи на труење поврзани со храната обезбедена од оваа фирма, како што беше случајот во воената академија „Михајло Апостолски” и во касарната Илинден“.

-Фирмата „Далма фоод и кетеринг сервис“ (каде како управител се јавува ДЕЈАН АТАНАСОВСКИ) се чини дека е омилена компанија на претходната власт, па истата се јавува и во сомнителен тендер во 2020 година, во училиште во општина Аеродром.

Информациите кои пристигнаа до Левица говорат дека после скандалот со труење, војниците ја одбиваат храната која ја доставува оваа компанија, додека за истата нема никакви правни последици. Иако тендерот е склучен од претходниот министер Славјанка Петровска, актуелниот министер од редовите на ДПМНЕ МОЛЧИ пред очигледниот коруптивен скандал, стоеше во партиското соопштение.

Слични содржини