ОБСЕ ги осуди најавените референдуми во Украина

од Stefanija Kuzmanovska

Највисоките функционери на Организацијата за европска безбедност и соработка (ОБСЕ) денеска ги осудија плановите за одржување референдум во областите на Украина под контрола на проруските сили, соопшти денеска организацијата.

Полскиот министер за надворешни работи Збигњев Рау, генералниот секретар на ОБСЕ Хелга Марија Шмид, претседателката на Парламентарното собрание на ОБСЕ Маргарета Содерфелт и директорот на Канцеларијата на ОБСЕ за демократски институции и човекови права Матео Макаки, ги осудија плановите за одржување на референдумот.

„Било какви избори или референдуми на територијата на Украина можат да бидат распишани и спроведени само од легитимни власти во согласност со националното законодавство и меѓународните стандарди. Затоа, планираните референдуми ќе бидат незаконски“, се вели во соопштението на ОБСЕ.

Слични содржини