ОБСЕ/ОДИХР: Изборите се закажани на 5 јуни, но доколку се случи нешто непредвидено и тоа ќе го земеме предвид

од desk3
96 прегледи

Шефот на набљудувачката мисија за избори на ОБСЕ/ОДИХР- амбасадорот Јан Петерсен денеска ја претстави нивната улога и претстојните активности за предвремените парламентарни избори на 5 јуни. Мисијата почнува со работа денеска во Скопје.

obse-odihr

“Ние нема да ги коментираме изборите, ќе оставиме фактите да зборуваат сами за себе, ние ќе ги регистрираме само фактите, а потоа останува на институциите и партиите како ќе ги искористат овие податоци.Изборите се закажани за 5 јуни, понатаму не навлегуваме и дејствуваме врз основа на претходно закажаниот датум, но доколку се случи нешто непредвидено и тоа ќе го земеме предвид, но од она што го имаме како инфомарција од партиите, датумот е 5 јуни.”- посочи Петерсен.

(ВИДЕО)Шешељ: Благодарност до двајцата чесни судии, идејата за голема Србија е бесмртна

Изборите ќе ги набљудуваат тим на ОБСЕ/ОДИХР од 12 експерти, 24 долгорочни, кои ќе бидат распоредени низ целата земја, во тимови по двајца. Од 13 април ќе се вклучат и околу 300 краткорочни набљудувачи.