Обвинение и психијатриско лекување: Брат полово ја нападнал сестра си која имала само 11 години

од Берта Китинска

Основното јавно обвинителство – Кавадарци поднесе обвинителен акт против 19-годишен жител на селото Дреново, осомничен дека сторил кривично дело „полов напад врз дете кое не наполнило 14 години“.

– Обвинетиот, во периодот од 13 до 15 декември 2021 година, во состојба на битно намалена пресметливост, искористил момент додека бил сам во домот со неговата 11-годишна сестра, па се обидел врз неа да изврши полови дејствија. Оштетената го оттурнала и тој паднал на земјата, па делото останало недовршено, информираат од ОЈО.

Јавниот обвинител до Основниот суд во Кавадарци достави предлог за продолжување на претходно определената мерка притвор за обвинетото лице. Исто така, со оглед на тоа што со психијатриско вештачење беше утврдено дела делото е сторено во состојба на битно намалена пресметливост, јавниот обвинител му предложи на Судот, покрај изречената казна, на обвинетиот да му изрече и мерка „Задолжително психијатриско лекување и чување во здравствена установа“, велат од ОЈО.

Слични содржини