Министерството за правда на САД соопшти дека очекува да покрене обвинение против повеќе од 100 лица осомничени за учество во нападот врз Капитол Хил на 6 јануари, велејќи дека тоа е веројатно најсложената истрага досега.
Повеќе од 300 лица веќе се соочија со обвиненија за опсада во која загинаа пет лица и беа повредени повеќе од 130 полицајци, при што илјадници приврзаници на поранешниот претседател Доналд Трамп се обидоа да спречат Конгресот да го потврди неговиот изборен пораз.
Министерството за правда објави информации за планираните нови обвиненија во документите доставени до судот, во кои за некои случаи е побарано дополнителни 60 дена за да се соберат докази.