ОБВИНЕТ за силување: Актерот Жерар Депардје нападнал млада актерка

од Nikola Popovski

Францускиот актер Жерар Депардје е обвинет за силување на млада актерка пред три години, пишуваат странските медиуми. Во декември, тој беше обвинет за сексуално насилство што се случило во 2018 година, во неговиот стан во Париз, кога жртвата имала 22 години, посочува добро информиран извор.

На случајот првично „не се работело“ затоа што немало доволно докази, но потоа повторно бил отворен кога француската актерка, чиј идентитет не е познат, поднела жалба.

Адвокатот на Жерард, Ерве Темим, изјави дека „жали што е објавена оваа информација“. Актерот кој беше номиниран за Оскар во 1991 година за неговата улога во филмот „Cyrano de Bergerac“, негираше дека некогаш го сторил делото за кое е обвинет.

Освен во филмовите за Астерикс и Обеликс, тој играше и во филмовите „Зелен картон“, „Човекот со челична маска“, „Последното метро“, „Дантон“.

Тој беше во брак со француската актерка и писателка Елизабет Депардје од 1970 година, но парот се разведе во 1996 година. Актерот има четири деца од претходниот брак и разни врски, а од 2005 година е во врска со помладата писателка Клементин Игу, кој е околу 30 години помлада од него.

Слични содржини