Обвинетите во „Меѓународен сојуз“ денес ќе ги чујат пресудите

од Nikola Popovski
262 прегледи

Денес ќе биде објавена пресудата за предметот „Меѓународен сојуз”, каде првообвинет се Бојан Јовановски – Боки 13 и уште четири други лица, меѓу кои и поранешната пратеничка Фросина Ременски.

-Од се досега изнесеното, неспорно се утврди дека кривичното дело не е сторено, бидејќи немало ни мотив ни идеја, единствено сме работеле да се оствари проектот. Му предлагам на судот одлуката да ја базира на докази и да се оттргне од шпекулации. Предлагам во целост да донесе ослободителна пресуда по обвенението и апелирам и молам на законита пресуда. Да не судат мојот лик и дело, да се судат доказите. Се чуствувам комплетно невин, истакна во завршните зборови Боки 13.

Во предметот, Бојан Јовановски-Боки 13 е првообвинет и се товари за делата измама и перење пари. Јасна Мандиќ-Ерцеговиќ, заменик-претседателка на невладината организација, и асистенката на Боки, Христина Блажевска, пак, се обвинети за помагање во овие дела, а Фросина Ременски се товари за помагање во делото измама. Таткото на Боки, Миле Јовановски, пак, е петтообвинет за помагање во перењето пари и за делото неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје, бидејќи при претрес во неговиот дом биле пронајдени три полуавтоматски пиштоли и муниција за кои немал дозвола. Како правно лице обвинета е и невладината организација.

Во овој предмет Обвинителството тврди дека двајцата бизнисмени, Силјан Мицевски и Ардијан Амзоски, биле доведени во заблуда и измамени со проекти за изградба на Европски центар за возрасни лица и мобилни сервиси, па преку Македонската авторска агенција исплатиле речиси еден милион евра, Мицевски сума од 719 905, а Амзоски 233 821 евра.

Слични содржини