Обвинители од ЈО вршат контрола во ОЈО ГОКК

од Nikola Popovski
23 прегледи

Со одлука на Јавниот обвинител на Република Северна Македонија, сите јавни обвинители од Јавното обвинителство на Република Северна Македонија денеска вршат контрола во Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција.

Претходно, согласно надлежностите на републичкото јавно обвинителство, контрола беше извршена во сите виши јавни обвинителства во државата. Надзорот се врши во согласност со член 21 од Законот за јавното обвинителство и Правилникот за вршење надзор над работата и постапувањето на јавните обвинителства донесен од Советот на јавните обвинители.

До крајот на годината ќе биде извршен надзор и над постапувањето на Одделението за меѓународна правна помош во Јавното обвинителство на Република Северна Македонија и над Канцеларијата за врски со Европравда во републичкото обвинителство.

Државниот обвинител Љупчо Коцевски иницираше диспиплинска одговорност за суспендираниот шеф на Вишото скопско обвинителство Мустафа Хајрулахи и за вишиот обвинител Јован Цветановски. Ова следува откако го добил конечниот ивештај од надзорото во ова обвинителство. Дисциплинската одговорност ја покренал поради нестручно и несовесно работење на обвинителите.

Во четири предмети Цветановски се откажал од жалбa или обвинение. Согласност за ова во три предмети му дал неговиот шеф Хајрулахи кој е суспендиран поради истрагата во која е осомничен дека малтретирал вработени и вршел злоупотреби. Според соопштението, дисциплинската за Хајрулахи е и поради неправилности при заведување на предметите.

Слични содржини