Обвинители: Судењето за Тачи да започне најдоцна да септември 2021 година

од Vladimir Zorba

Обвинителите на Судот за злосторства на ОВК побараа следното лето да почне судењето на поранешниот командант на ОВК, Хашим Тачи и тројца ко-обвинети за злосторства во Косово и Албанија, односно „најдоцна во септември 2021 година“.

Во поднесокот до судијата на претходна постапка Никола Гијом објавен во вторникот, главниот обвинител Џек Смит побара судот да го отфрли како неосновано барањето на одбраната на обвинетите да не започне судење пред јуни 2022 година, па дури и до јануари 2023 година.

Обвинителот нагласи дека е против долго одложување на судењето, меѓу другото, „бидејќи сведоци ќе бидат изложени на сериозен ризик од притисок и заплашување во тој период“.

Долгото одложување на судењето, предупреди Смит, „може да го направи невозможно воопшто да биде задоволена правдата“.

Заедно со Тачи, тогашните членови на Генералштабот на таа паравоена единица, Кадри Весели, Реџеп Сељими и Јакуп Красниќи, беа обвинети за злосторства против Албанците, Србите и Ромите во 34 илегални притвори на ОВК во Косово и Албанија од март 1998 година до септември 1999 година.

„Значајното одложување што го побара одбраната не е оправдано ниту во интерес на брзо судење или правата што ги имаат сведоците и жртвите во овој случај според законот“, нагласи главниот обвинител.

Според Смит, одбраната, на неодамнешната статусна конференција, не го оправда барањето за долго одложување, „или до јуни 2022 година или до јануари 2023 година“, и често емотивниот и непотребно личен говор што го користеа бранителите не бил корисен“.

Обвинителството исто така тврди дека бранителите, особено адвокатот на Весели, Бен Емерсон, кој го стори тоа експлицитно, го користеа барањето за неоправдано долго одложување на судењето како средство за добивање на привремено ослободување на Тачи и на ко-обвинетите до почетокот на судењето.

loading...

Слични содржини