Федералните обвинители на САД во поднесокот до судот тврдат дека толпата, поттикната кон зградата на Капитол од страна на претседателот Доналд Трамп, сакала да ги зароби и убие избраните претставници, пренесува „Гардијан“.
Тужителите ја направија таа проценка во поднесокот до судот со кој се бараше притвор за Џејкоб Ченсли, кој беше снимен во зградата на Капитол со рогови на главата.
Барањето за задржување во притвор, напишано од обвинителите во Аризона, детално наведува што стори Ченсли во Капитол. Меѓу другото, се наведува дека тој му оставил порака на потпретседателот на САД, Мајк Пенс, во која стои: „Доаѓа правдата, само е прашање на време“.
„Силните докази, кои ги вклучуваат зборовите и постапките на Ченсли во Капитол, ја поддржуваат тезата дека демонстрантите сакале да ги фатат и убијат избраните американски претставници“, се вели во поднесокот.
Чансли треба да се појави пред судот во понеделник, а неговиот адвокат по службена должност не даде коментар за поднесокот.