Денес ќе се одржат избори за основен јавен обвинител на Основното јавно обвинителство за гонење на oрганизиран криминал и корупција на кои право на глас имаат сите јавни обвинители во Република Северна Македонија.
Околу 160 обвинители за прв пат ќе имаат можност да гласаат, а своето право ќе го искористат на гласачките места во вишите обвинителства.
Гасањето ќе трае од 8 до 16 часот по што записниците ќе бидат доставени до Советот на јавни обивнители каде ќе се сумираат резултатите.
Во законот не е предвиден цензус колку гласови треба да освои еден кандидат за да избран. До сега никој не се пожалил на притисоци, влијанија или други неправилности.
Меѓу четворицата кандидати за шеф на ОЈОГОКК е и суспендираната досегашна шефица Вилма Русковска, како и обвинителите Ислам Абази, Едмонд Незири и Деса Пауновска. Мандатот Рускоска трае до 14 ноември, додека обвинителот Трајче Пеливанов беше назначен за нејзина привремена замена на 29 август.