Обвинителите и судиите под лупа, започнува прочистување на правосудството

од Берта Китинска
338 прегледи

Oд 1 јануари следната година ќе се спроведе прочистување на правосудството.

Според новата Методологијата за проверка на работата на правосудството во нашата земја оваа постапка ќе се спроведе врз основа на извештај со увид во шест предмети за обвинителите и десет предмети за судиите.

Министерот за правда Бојан Маричиќ, кој вчера заедно со јавниот обвинител, Љубомир Јовески и претседателот на Судскиот совет, Киро Здравев ја презентираа Методологијата, рече дека не сакаат на кој било начин да прават притисок или какво било влијание врз судството и обвинителството, но дека се должни да се грижат и будно да го следат процесот со кој ќе добиеме реформиран, транспарентен, ефикасен и од какви било притисоци ослободен правосуден систем.

Оценувањето на јавните обвинители, како што појасни државниот јавен обвинител Љубомир Јовевски, ќе започне од 1 јануари следната година, а обвинителите ќе се оценуваат врз основа на шестмесечни извештаи во кои ќе бидат разгледувани шест предмети, од кои три ќе ги посочи јавниот обвинител, додека другите предмети ќе се изберат по случаен избор.

 

Слични содржини