Обвинителите не можат да го разрешат: Мемети размислува да се повлече од потпретседателското место во СЈО

од Nikola Popovski
436 прегледи

Денеска непосредно пред седницата на Советот на јавни обвинители, бев теленфонски известена од членот дека нема да биде присутен на седницата и во разговорот ми најави дека е на мислење да се повлече од позицијата заменик-претседател на Советот на јавни обвинители, изјави денеска претседателката на Советот на јавни обвинители, Душица Димитриеска за обвинителот, Иџет Мемети.

Според законот, претседателот на СЈО не може да го разреши Мемети од неговата функција, се додека трае судската постапка и не се докаже вина по судски пат.

-СЈО многу внимателно ги разгледа сите законски можности за постапување и надминување на состојбата. Постапка е предвидена за разрешување на член на Советот, но мора да почне со образложено барање од најмалку 20 јавни обвнители и најмалку една третина од членовите на Советот, како и барањето да биде обезбедно и со докази, додаде Димитриеска, додавајќи дека „како членови на Советот, не можат да побараат да поднесе оставка, туку останува моралниот аспект на членот на Советот“.

По предлог на Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција, судија на претходна постапка од Основен кривичен суд Скопје определи мерки за претпазливост за Мемети, второосомничен во истрагата поврзана со примање награда за противзаконито влијание во која е вклучен и врховниот судија, Наке Георгиев.

Осомничениот, согласно одлуката на Кривичен, има обврска повремено да се јавува во судот, одземена му е патната и друга исправа за напуштање на државната граница и има забрана за издавање нова.

Мемети и Георгиев се осомничени дека за пари, на поранешниот градоначалник на Ново Село, Боро Стојчев, му ветувале дека ќе му ја олеснат положбата во која се наоѓа. Стојчев е осомничен за шверц на дрога и се наоѓа во притвор во Шутка.

Слични содржини