Против обвинителката Снежана Бундалевска Ѓорѓиевска, која го водеше случајот со сообраќајката кај „Млечен“ во Капиштец, во која возачот што усмрти двајца доби условна казна, нема да биде преземно никакви дејствија, така одлучил Советот на јавни обвинители.
Скопјанката Наташа Димитриевска, чиј сопруг и неродено дете загинаа во таа сообраќјка на твитер го објави одговорот на Советот за јавни обвинители.
„Пак сум на операција на ногата, а денес добив одговор од Совет на ЈО дека ЈО Снежана Бундалевска Ѓорѓиевска постапувала правилно и по закон. Е па пријатели официјално кажувам немаме правна држава и сите тие се штитат меѓу себе“, напиша Димитриевска.
Сообраќајната незгода се случи во октомври 2018 година. Условно осудениот Васил Чорбаџиев со својот автомобил свртел лево на улицата „Теодосиј Гологанов“ на место каде што има знак „забрането вртење лево“ и удри во моторот на кој беа тогаш бремената Димитриевска и нејзиниот 32-годишен сопруг.
Пак сум на операција на ногата, а денес добив одговор од Совет на ЈО дека ЈО Снежана Бундалевска Ѓорѓиевска постапувала правилно и по закон.
Епа пријатели официјално кажувам немаме правна држава и сите ТИЕ се штитат меѓу себе!!!#правдазаГоце#правдазаМене#правдазаНас pic.twitter.com/stQGKtkmyv— Natasha Dimitrievska (@napostoloska) December 14, 2020