Во условите стои дека треба да има шест години непрекинат стаж како јавен обвинител и за последните три години да е оценет со позитивна оценка. Водењето на дисциплинска и кривична постапка не значи дека обвинителите не можат да поднесат. Тие не се елиминирани од постапката. За секој обвинител може да биде поднесена пријава и самото тоа не значи дека е елиминиран од постапката, изјави претседателот на Советот на Јавни обвинители, Антонио Јолевски.
Според него, секој обвинител кој ги исполнува условите, има право да се пријави на огласот.
-Понатаму се изготвува кандидатска листа и од неа произлегуваат гласачките ливчиња и гласање на сите јавни обвинители. Во моментов сме 164 обвинители, меѓу тоа до крајот на месецот имаме уште што исполнува старосна пензија, што значи 163 јавни обвинители ќе гласаат, додаде Јолевски.
Во вторник ќе има седница на Советот и на таа седница ќе се отвориат сите огласи, за сите шефови на кои им истекува мандатот меѓу кои и на Основното Јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција.