Обвинителката Хаџи Василева ги прекршила одредбите од Законот за кривична постапка?

од Radmila Tasevska
430 прегледи

Дали обвинителката во судскиот процес против Клиниката Жан Митрев и д-р Жан Митрев, Искра Хаџи Василева, направила тешки повреди на одредбите од Законот за кривична постапка, оддавајќи тајна и влијаејќи врз исказите на сведоците?

Обвинителката Хаџи Василева им ја прочитала јавно Наредбата за истражна постапка на 30-40 сведоци собрани во една просторија и потоа во присуство на сите останати сведоци му земала исказ на сведокот во кој тој изјавил дека откако ми објаснивте за што се води оваа постапка се чувствувам измамен и оштетен.

Ова го изјави сведокот на обвинителството Томислав Георгиевски на денешното рочиште.

Читањето на описот на дејствијата кои се ставаат на товар пред сведоците е недопуштено според Законот за кривичната постапка и всушност претставува директно влијание на исказот на сведоците и нивна целосна дискредитација. Таквите сведоци не смееле ни да бидат предложени како сведоци.

Спротивно на изјавата во обвинителството, на денешното рочиште овој сведок изјави дека се почувствувал за измамен откако ја примил првата хемофилтрација, па откако му беше предочена од судот изјавата пред обвинителството во која наведува дека се почувствувал за измамен и оштетен откако обвинителството му објаснило за што се води постапката се обиде да ја оправда постапката на обвинителката така што најпрво изјави дека записникот го пишувало обвинителството па погрешно го внела неговиот исказ а потоа дека можеби не бил разбран.

Целиот текст на следниот линк!

Слични содржини