Обвинителката Ристоска била дискриминирана од Советот на обвинители, треба да ѝ се извинат

од Nikola Popovski
246 прегледи

Комисијата за спречување и заштита од дискриминација ја уважила претставката на обвинителката Ленче Ристоска  и утврдила директна продолжена дискриминација како потежок вид на дискриминација по основ на лично својство и општествен статус извршена од страна на Советот на јавни обвинители.

-Во време кога е модерно да се декларират заложби за етичко лидерство во институциите и култура на професионален и личен интегритет, како и родова и секој друг вид на рамноправност, декларативноста треба да се замени со практична и јавна подршка на поединците што ги поседуваат овие квалитети и ги водат овие битки, објави Ристоска на социјалните мрежи.

За тежок облик на дискриминацијата кон неа Советот на обвинители и нејзиниот претседател Антонио Јолевски имаат рок од 30 дена јавно да ѝ се извинат на обвинителката Ристоска.

Ристоска, која беше дел од СЈО поднесе претставка бидејќи не беше избрана за позиција во Вишото јавно обвинителство со образложение дека била млада за извршување на таа позиција.

-Воведувањето на мерит систем, наспроти практикување на дискрециони областувања, ќе влијае на зголемување квалитетот на работата и консеквентно на довербата во јавнообвинителскиот систем, бидејќи е едно од најсилните оружја против корупција, клиентелизам и дискриминација, додаде Ристоска во својата објава.

 

Слични содржини