Обвинителката Симовска ќе го наследи Јовески како в.д. државен јавен обвинител

од Nikola Popovski

Обвинителката Соња Симовска денеска беше едногласно избрана за нов в.д. јавен обвинител кој ќе го замени досегашниот, со оглед дека понеделник е последниот работен ден на актуелниот државен обвинител Љубомир Јовевски.

-Јавната обвинителка Симовска има долгогодишно искуство и ги познава добро состојбите во Јавното обвинителство. Поседува и менаџерски способности. Сметаме дека Симовска успешно ќе ја извршува функцијата до именувањето на јавниот обвинител на РС Македонија, изјави денеска претседателката на Совет на јавни обвинители, Душица Димитриеска.

За вршител на функцијата јавен обвинител, може да биде определен еден од јавните обвинители кои што се од редовите на ЈО. Еден од тие е и Соња Симовска. Таа ќе води Обвинителството во наредните шест месеци.

-Ние како членови на Советот ги познаваме јавните обвинители и ја следиме нивната работа. Од сите достапни информации и од личното познавање на членовите на советот и јавните обвинители, се доби впечаток кај сите членови на Советот дека истата успешно ќе ја извршува функцијата до именување на јавен обвинител. Ние оддржуваме постојани контакти меѓусебе. Мојот предлог денеска го поддржаа колегите, додаде Димитриеска.

На огласот за именување државен јавен обвинител што го распиша Собранието на 29 ноември се пријавиле тројца кандидати – Фатиме Фетаи од Вишото јавно обвинителство Скопје, Лидија Раичевиќ од Основното јавно обвинителство Скопје и Љупчо Коцевски од Јавното обвинителство на РСМ.

Моментно процедурата за избор е во Владата, која извести дека ќе бара Советот на јавни обвинители да ѝ достави писмено мислење за пријавените кандидати.

Јовевски беше именуван на 25 декември 2017 година.

Слични содржини