Обвинителката за случајот со Рашковски: Со доказите ќе се докажат сите факти

од Берта Китинска
315 прегледи

Обвинителката Ивана Трајчева од Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција, која постапува во предметот со поранешниот секретар на Владата, Драги Рашковски, е уверена дека има докази со кои ќе ги докаже сите факти наведени во обвинението.

„Не би можела сега да ви ја кажам листата со докази. Можам да ви кажам накратко дека во суштина станува збор за докази од коишто ќе се докажат сите факти коишто се наведени во диспозитивот на обвинителниот акт за секоја постапка посебно, како и за хонорарците, а и за кривичното дело „перење пари“, кажа Трајчева.

Во случајот, покрај Рашковски и Силјановска, се обвинети и Ивица Димитровски, Даниел Станчев, Ирена Ивановска, Игор Христов и Игор Ивановски.

Судскиот процес го води судијата Фанка Јанчулева Михаиловска, а застапник на обвинението е обвинителката Ивана Трајчева.

Првообвинетиот, се вели во Обвинителниот акт, не ги извршил своите службени должности при спроведување на четири постапки за јавна набавка за Систем за биометриска идентификација, јавна набавка на Софтвер за определување на просечна брзина на возила во сообраќајот и изрекување на казни, набавка на стоки – ANPR камери за препознавање на регистарски таблички за возила и јавна набавка на работи – метални кабини за потребите на системот на биометриска идентификација и систем за автоматско препознавање на регистарски таблици.

Следното рочиште е закажено за 24 февруари.

Слични содржини