Обвинителот Бектеши бара од Апелациски да им ги преиначи казните на обвинетите во „Рекет“

од Andreja Salpe
315 прегледи

Јавниот обвинител Дилавер Бектеши, образложувајќи ја жалбата пред Апелацискиот суд на ЈО за случајот „Рекет“ побара повисоки казни за обвинетите.

– Изречените казни се благи и нема да бидат исполнети целите на казнување. Судот ги преценил олеснителните околности и недоволно ги земал во предвид отежнителните околности. Предлагам Апелацискиот суд да ги преиначи и им одреди повисоки казни, истакна Бектеши

Обвинителството, исто така, побара да се одбијат како неосновани жалбите на двете одбрани и да се уважат жалбите на Јавното обвинителство за висината на казните.

-Неосновани се жалбените наводи на двете одбрани. Сметам дека фактичката состојба е правилно утврдена со изведените материјални и вербални докази, изјави обвинителот Бектеши.

Слични содржини