Кочанскиот обвинител Борче Јанев, денеска во воведниот говор на судењето за кочанската трагедија во дискотеката „Пулс“, истакна дека се работи за работи за цел сплет на пропусти, синџир на замижувања, овозможен законски пат без институционални бариери, но го платија оние што немаа избор.
-Нашиот народ знае да каже да подобро да се спречи отколку да се лечи. Но во овој случај последиците се неизлечиви, зошто никој не се обидел да ги спречи. Кога превенцијата затајува, државата нема друг начин освен да гони и казнува. Доказите ќе покажат дека злоделото не може да биде само казнивото дејствие на активација на пиротехникат. Злоделото и самото постоење на овој објект. Клубот отсекогаш безбедносна смртносна стапица и буре барут, кажа Јанев во своето обраќање.
Тој истакна дека сопственикот на дискотеката Дејан Јованов-Деко без контроли и стеги за почитување на безбедносните правила и прописи, од опасноста никогаш не го интересирала.
-Димензијата на преземени дејствија и обемот на пропусти што постоеле кај овој човек се шокантни и запрепастувачки. Ќе можете да слушнете и да видите на што бил спремен овој човек само заради профит и материјална надомест. Бидете убедени дека ќе ве потсети на негативните ликови од делата на Достоевски и Орвел – антипод на сите човекови вредности, рече Јанев.
Претходно, на денешното рочиште за случајот со пожарот во ноќниот клуб „Пулс“, одбраната на обвинетите побара одлагање на постапката. Причината беше спојувањето на предметот со постапката против сопственикот на агенцијата „Рубикон“, која ја обезбедувала дискотеката, како и доставувањето на единствен интегриран обвинителен акт. Адвокатите истакнаа дека им е потребно време да се запознаат со редуцираната листа на докази и приговараа на уредноста на доказниот материјал, барајќи тој да биде доставен во идентична хартиена и електронска форма.
По што Судот донесе одлука да го прифати предлогот на обвинителството за изведување на интегриран обвинителен акт и листа на докази, согласно решението за спојување на постапките.