Обвинителот на судот во Хаг: Крим е окупирана територија

од Vladimir Zorba
63 прегледи

zx450y250_2864762

Фатух Бенсуда, главен обвинител на Меѓународниот кривичен суд, со седиште во Хаг, објави дека вклучувањето на Крим и Севастопол во Руската Федерација е еднакво на меѓународен вооружен конфликт меѓу Русија и Украина.

Во годишниот извештај се вели дека ситуацијата на Крим практично претставува окупација на странска територија.

Конфликтот започнал не подоцна од 26 февруари, кога руските специјалците почнаа операција на украинскиот полуостров без согласност на властите во Киев, и продолжува до денес, се вели уште во текстот. Непријателски активности можат да се дефинираат како меѓународен вооружен конфликт, независно од тоа дали окупирањето на територијата е придружено со вооружен отпор, се прецизира во нејзиниот текст.

Извештајот е посветен на конфликтите на кои МНК спроведува претходна проверка со цел разјаснување дали треба да почне темелна истрага.

Екипата на Бенсуда ги проверува и тврдења дека Русија ги контролира активностите на вооружени единици во источна Украина. Ако тие се покажат доволно оправдани, и таму ситуацијата може да биде признаена за меѓународен вооружен конфликт меѓу Русија и Украина.

Постојат бројни сведоштва за директно воено спротиставување меѓу двете земји врз основа на бројни пораки за взаемен артилериски напад и апсење на војници од двете армии од 14 јули 2014 година.

Воени злосторства на САД?

Во истиот текст се вели дека постојат “причини да се верува” дека американски војници извршиле воени злосторства во Авганистан, вклучувајќи барем 27 случаи на тортура во тајни центри на ЦИА во периодот 2003-2004 година.

Дискутирањето во судот дали да се започне со целосна истрага продолжува неколку години и барањето на Бенсуда може да се смета како сигнал дека наскоро е веројатно такво истрага да започне, коментира “Њујорк тајмс”. Конечната одлука за тоа им припаѓа на судиите во Хаг.

САД не го признаваат статусот на МНК и едвај ќе соработуваат. Авганистан сепак е член на судот и се смета дека е легално да се истражат обвинувањата за воени злосторства, злосторства против човештвото и геноцид на негова територија, независно од државјанството на извршителите.

Во извештајот на Бенсуда се вели дека таа е склона да се прошири оваа истрага и во други земји од судот како Полска и Романија, каде имало тајни центри на ЦИА за задржување.