Обвинителот во САД го покрена обвинението според сведочењето на Богоевски

од Vladimir Zorba
96 прегледи

Американската комисија за хартии од вредност пред окружниот суд во Њујорк објави конечно обвинение против поранешните директори на „Маѓар Телеком“ за поткуп на македонски политичари. НОВА  екклузивно го доби обвинението на Американците, во кое сега се вклучени и документирани тврдењата на екс-разузнавачот Слободан Богоески и неговите сознанија за коруптивната шема. 24861golema
Покрај обвинението, НОВА тврди дека ги добила и документите кои КХВ на САД ги спомнува како најрелевантни. КХВ посочува дека биле ветени 19,6 милиони евра на тогашниот премиер Владо Бучковски, и на претставниците на ДУИ: Али Ахмети и Муса Џафери, но биле исплатени само 4,8 милиони евра бидејќи шемата била откриена.
Во центарот на обвинението се наоѓаат два тајни договори, Протоколот за соработка каде се наведени отстапките кои политичарите ги ветиле и Нон-пејперот, во кој е наведен поткупот.
Тврдењето дека токму Нон-пејперот, потпишан од Бучковски и Штрауб, е криминалната основа зад Протоколот за соработка, Американските обвинители  се ова го поткрепуваат со сведочењето на Богоески

повеќе тука