77
Обвинителскиот тим кој работи на истрагата за утврдување на причините за катастрофалниот пожар во Кочани е проширен и во моментов го сочинуваат: Двајца јавни обвинители од ОЈО Кочани; Двајца јавни обвинители од ОЈО Штип; Пет јавни обвинители од ОЈО Скопје.
Синоќа се издадени повеќе дополнителни наредби, меѓу кои и наредба за пребарување на серверите и на уште еден компјутер во Министерството за економија, како и наредба за графолошко вештачење на потписи на одредена документација.
Увидот на лице место продолжува и денеска.