Поранешниот премиер Димитар Ковачевски и генералниот секретар Методија Димовски не се опфатени со истрагата за случајот ,,Лотарија”, во кој еден од осомничените е вицепремиерот Артан Груби, пишува „Фокус“.
Забуната во јавноста настанала поради тоа што Ковачевски и Димовски биле опфатени со кривичната пријава на МВР и Финансиската полиција, каде што се пријавени вкупно осум лица, но од Скопското обвинителство информираа дека истрагата е отворена за шестмина, а по описот на осомничените, очигледно е дека не се опфатени поранешниот премиерот и владин генерален секретар. Очигледно е дека против двајцата не биле обезбедени докази за вмешаност во случајот, пишува Фокус.
Појаснување има и од Обвинителството.
-Основното јавно обвинителство Скопје во овој предмет постапуваше по поднесени кривични пријави и од Министерството за внатрешни работи и од Управата за финансиска полиција. По сите преземени дејствија од сите надлежни институции во конкретниот случај до овој момент се обезбедија докази кои упатуваат на основано сомнение дека наведените шест лица презеле дејствија со кои исполнуваат обележја на кривичните дела, велат од Обвинителството.