Обвинителство: Ниту еден јавен обвинител не се повлекол од истрагата за трагедијата во Кочани

од Vladimir Zorba
22 прегледи

Од Јавното обвинителство тврдат дека ниту еден јавен обвинител не се повлекол од истрагата за пожарот во Кочани поради наводни притисоци и несогласување со правната квалификација.

– Обвинителскиот тим постапува целосно синхронизирано и непрекинато презема дејствија, велат од Обвинителството.

Утринава, Демократската унија за интеграција во соопштение до јавноста наведе дека информациите оти еден јавен обвинител се повлекол поради несогласувања околу квалификацијата на делото и особено поради политички притисоци од страна на партии во Владата, е аларм за целото општество.

Слични содржини