Обвинителство отвори предмет за „Беса транс“ – сопственикот е сослушан

од Берта Китинска
263 прегледи

Истражителот во Националната истражна служба на Република Бугарија, Младен Христов Петров, посочи дека блиската меѓусебна соработка, постојана комуникација и постојаната деноноќна работа од моментот на несреќата до сега, овозможиле за брзо време да се дојде до солидни резултати и можност за брза идентификација.

Петров, посочи дека се работи на сите верзии кои не се отфрлени, но бидејќи несреќата е голема и се собираат многу докази, во ваква ситуација истрагата треба да продолжи и не може да се даде дефинитивна верзија за причините за несреќата.

-Сопственикот на фирмата е сослушан во раните часови. Со него интензивно се соработува на територија на Северна Македонија и тој е достапен на надлежните институции, изјави Петров.

Државниот јавен обвинител Љубимир Јовески рече дека за отворениот предмет за „Беса транс“ се собираат податоци на барање на бугарските обвинители, а дека во исто време ги користат за расчистување на сите ситуации поврзани со несреќата, од документацијата за автобусот, до тоа како тој ги поминувал границите.

-Ние ги прибираме потребните документации, а потоа ќе донесеме соодветна одлука. Веднаш по сообраќајната несреќа документацијата од команијата „Беса транс“ е одземена. Ве уверувам за било кое лице доколку има основ, Обвиниелството ќе отвори постапка, изјави Јовекси.

 

Слични содржини