Обвинителство: Починатата жена во Велгошти е со видливи траги на насилство, се трага по сторителот

од desk4
102 прегледи

Дежурен јавен обвинител од Oсновното јавно обвинителство Охрид доцна попладнето вчера, изврши увид на лице место во семејна куќа во охридското село Велгошти, каде беше пронајдено безживотно тело на жена, информира Обвинителството.

 Починатата ја пронашле соседите во нејзиниот дом, каде што живеела сама. На телото биле видливи траги на насилство.

По наредба на јавниот обвинител, на лице место се обезбедени траги кои ќе бидат предмет на вештачење. Издадена е наредба за обдукција на починатото лице.

Се трага по сторителот.