230
Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција побарало продолжување на притворот за нови 30 дена на бизнисменот Орце Камчев.
Според информациите објавени во повеќе медиуми обвинителката Лиле Стефанова предлогот за продолжување на притворот го поднела во петокот, бидејќи првичниот притвор му истекува за два дена.
Одбраната на Камчев денеска на прес-конференција искажа дека доказот со кој Камчев е во притвор, е незаконски, и треба да биде исфрлен од постапката. Адвокатот Тони Менкиноски исто така потсети и за нехуманите услови на Камчев во Шутка, односно дека пет дена бил без вода.