Обвинителството до Меџити: Не постапуваме по барања на други лица, политичарите да се воздржат од употреба на предметот за Онкологија

од Nikola Popovski
242 прегледи

Јавното обвинителство се огласи со реакција после денешното барање на министерот за здрвство, Фатмир Меџити. Оттаму наведоа дека се води предистражна постапка и не постапуваат по барања на други лица.

-Информации се споделуваат единствено во обем кој нема да ѝ наштети на постапката, порачаа од ЈОРМ.

Обвинителството по изјавата на министерот излезе со реакција во која посочува дека обвинителите работат темелно и одговорно, почитувајќи ги сите законски рокови.

-Јавното обвинителство апелира политичарите да се воздржат од употреба на овој чувствителен предмет во политички цели, порачуваат од Јавното обвинителство.

Ова следува откако Меџити побара Основното јавно обвинителство да ги објави имињата на сите инволвирани во скандалот на Клиниката за Онкологија.

-Крајно време е Обвинителството да излезе со точно име и презиме затоа што ова што денеска што го гледате, овој костум и оваа кравата ме гушат. Јас овде најубаво се чувствувам тука и имам емоции. Секогаш ми прилега белиот мантил и не претпочитувам да бидам политичар. Тука ќе бидам лекар и тоа ќе останам и заедно со моите колеги и вас, ќе ги подобриме работите, рече Меџити при посетата на Клиниката за неврологија и промовираше нова медицинска опрема и реновирани специјалистичко-консултативни амбуланти.

Слични содржини