Обвинителството истражува како дошло до повреда на тројца пешаци во Велес

од desk2
77 прегледи

Обвинителството ја истражува сообраќајната незгода која се случи рано утринава околу 4 часот, во близина на Градската библиотека во Велес.

Велешанец кој управувал со возило Фиат Пунто удрил во тројца пешаци, а потоа во потпорен зид, информира Основното јавно обвинителство.

Од ударот трите лица кои ја преминувале улицата се здобиле со тешки телесни повреди.

По насока на дежурен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Велес извршен е увид на лице место од страна на увидна екипа од Министерството за внатрешни работи.

Јавниот обвинител издаде наредби за прибирање на траги од местото на настанот и за вршење на анализа на крв и урина земени од возачот со цел утврдување на факти и околности за настанот.