Вишото јавно обвинителство ја отфрли кривичната пријава на актерката Данијела Штајнфелд, која го обвини Бранислав Лечиќ за силување, потврди за „Нова.рс“ адвокатот Божо Прелевиќ, кој ја застапува Штајнфелд. Тој наведува дека одлуката е неправосилна.
„Даниела има право на приговор. Ние ќе го искористиме тоа право и ќе одиме понатаму“, наведува Прелевиќ.
Потсетуваме, Данијела Штајнфелд поднесе кривична пријава против актерот Бранислав Лечиќ во март, кога го обвини дека ја силувал во 2012 година, во време кога заедно работеле на претстава.
Таа минатата година во својот документарец откри дека била силувана од постар колега од Србија. Штајнфелд не сакаше да го открие неговиот идентитет, а сè што рече беше дека тој е многу влијателен во светот на филмот и театарот.